Кога повеќето корисници ја прогласиле Windows Vista за едно од најголемите разочарувања на годината, до истиот заклучок дошол и познатиот PC World, чии што тим вели вака: Виста не е ужасна, но не е нешто посебно добра.
Тоа што Виста на пазарот се појавила кон крајот на 2006 година не може да промени еден друг факт, а тоа е дека 2007 година би требала да биде година на Windows Vista.
Сепак, многу луѓе, верни корисници на Микрософт немале голема желба да ја инсталираат на својот компјутер, факти преку кој може да се види нејзиниот низок рејтинг.
Истата оценка доаѓа и од PC World каде се вели дека Windows Vista не ги исполнил очекувањата на корисниците. Како што се вели, Вистата е поспора од XP, многу апликации и хардвер сеуште не работат како што треба, многу е скапа, и многу битни новитети во последните фази на развој се едноставно исфрлени.
Како добра страна што ја наведува PC World е Аеро пребарувањето и безжичното поврзување - секако доколку се обидете за поврзете малку покомплицирана мрежа, малку ќе се заплеткате.
Од PC World се вели дека по правило на инерција Виста наскоро ќе започне да доминира на пазарот со оглед на тоа дека повеќето нови компјутери се испорачуваат со неа, што повеќе може да се земе како тажна отколку добра вест.