| Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" | |
|
|
|
Автор | Порака |
---|
Nena VIP Корисник
Број на мислења : 161 Registration date : 2007-11-07
| Предмет: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Нед Дек 09 2007, 16:53 | |
| Малку познатитот македонски раритет "Ѓаволскиот ѕид” се наоѓа на петнаесетина километри јужно од Свети Николе, на јужната страна на ниската планина Богословец и покрај самиот десен брег на реката Брегалница. Од магистралниот пат Велес - Штип е оддалечен околу седум километри на југ и до него водат, наЈпрвин макадамски, а потоа излокан земјен пат и од намерникот бараат и добро теренско возило и добра физичка кондиција зашто и најупорните ќе мораат да изодат пеш околу еден километар. Восхитувачката глетка што ќе се отвори пред намерникот ќе биде доволна награда за неговата упорност. Неговата отмена слабо потемнета бела боја, грдандиозниот изглед, неговото мистично молчење без никаква резерва го одземаат здивот на секој намерник, без исклучок. Сино-зелените води на овде немирната Брегалница во неговото подножје, гордото молчење на врвот “Свети Јован” на планианта Богословец, далечните сиви планини само ја дополнуват оваа прекрасна и мистична глетка.
- Ѓаволскитот Ѕид,- ќе запише во своите спомени, пред отприлика сто години, д-р Александадр Балабанов, познат класичен филолог и универзитетски професор во Лајпциг,- е чудо какво не постои во светот, но, ние, Македионците, како и секогаш, не знаеме да ја цениме таа убавина и оригиналност.
Кога во веќе далечната 1970 година, познатиот археолог од Белград Милутни Гарашанин, случајно наиде на овој Ѕид восихитено изјави:
- Ова е неверојатно! Ова е генијално дело, сеедно дали на природата или на човекот! Ова е светско чудо! Овој импонзантен ѕид е изразито забележителен во должина од петстотини метри во правец на протегањето на “Богослвоец”, и вдолж дес-ниот брег на Брегалница а негови траги можат да се забележат дури и пет километри кон запад. Траги од ѕидот можат да се забележат и на левиот брег на Брегалница кои асоцираат на единсвеност на Ѕидот. Просечната височина се движи од 10 до 12 метри, а широк околу 2 метри. Градбата е изведена со камени блокови со просечна зафатни - на од 4 кубни метри, а помеѓу нанесе-ните камења се наоѓа тенка, црвеникава врзивна материја вешто нанесена од вештиот грдител.Потекло Околу потеклото на овој во секој поглед монумент постојат разни гледишта. Дел од науката тврди дека станува за природна појава, односно дека ѕидот настанал со ерозија на околното земјиште. Според нив како “автор” на овој Ѕид е неуморниот неимар - природата, која овде, како ретко каде создала ремек дело. Наспроти ова тврдење има научници кои тврдат дека станува збор за градба, а не за природен феномен. Кон ова тврдење тие го наведуваат фактот дека такви камења како на градбата не постојат во неј-зината околина, потоа неверојатната вештина во градењето и постоењето на тенок врзивен материјал со црвена боја. Истовремено ваквата претпоставка наметнува дилеми околу тоа како се изведувало градењето бидејќи ѕидот се наоѓа на изразито тешко пристапен терен. До него, велат тие, тешко се стиг-нува пеш и донесувањето на огромните камења кои тежат и по четири тона барало и соодветна техника и соодветно умеење на градителите. Всушност, велат бранителите на овааа теза, тоа е еден од елементите што овој Ѕид го прават мистичен.НЛО Приказни Наспроти науката кај народот од овој регион постои верување дека градбата е дело на надеземни сили, односно на ѓаволот, па затоа и му дале име - Ѓаволски ѕид. - Таков Ѕид може да изгради само нечовечко суштество,- на повеќе пати ни изјавуваше стогодишниот и веќе покоен дедо Стројман од светиниколското село Амзабегово.- Да ја прегради Брегалница на тоа место и да изгради толкав ѕид може само Ѓаволот. Може некој да ми се смее од вас младите, ама така е. Човек тоа не може никогаш да го направи. Според легендата ѓаволот се обложил со Бог дека за една ноќ ќе изгради Ѕид и ќе ја пренасочи Брегалница преку ридот кон Овче Поле и ќе го поплави. Истата ноќ ѓаволот почна да го гради Ѕидот и тоа го правел со таква брзина што немало сомнение дека ќе ја оствари својата цел. Бог, откако видел дека заканата станува реалност и сакајќи да го спречи во намерата, пред време разбудил еден петел кој пропеал, па ѓаволот не успеал до крај да ја остари својата идеја. - Ако не го разбудел Господ петелот,- дополнуваше дедо Стројман, денес ќе го немаше Овче Поле, ќе го немаше Азмабегово, овде ќе беше езеро. Врз темелите на таа приказна се наметнало името Ѓаволски ѕид, кој истовремно ја изразувал немоќта на човекот да ја објасни велелепноста на градбата, да ја означи нејзината мистериозност и да предизивкува стравопочит. Сите тие три елементи кај месното население се присутни и денес. Исто така, кај народот, во малку подревна форма, постои верување дека овој ѕид е дело на вонземјани и како факт се наведуваат приказни според кои во последните пет децении наводно над овој ѕид биле забележани педесетина НЛО. Пред три години, во повеќе наврати во наши слободни разговори извесен Дедо Иљо од селото Богословец тврдеше дека уште кога бил дете збележувал со неговите другари необични летала што мошне често го надлетувале Ѕидот што предизвикувало страв кај месното население..- Необичните "ароплани” ги гледаа скоро сите од селото и кришум се крстеја. Не смееја да кажат на никого оти се плашеа да не ги прогласат за луди. Приказни со НЛО - основа се особено присутни и последниве четири - пет години. Голем број на риболовци и ловци од овој регион се спремни да се заколнат дека мошне често видувале необични летала како го надлетувале Ѕидот, па дури и се спуштале до него. - Пред три години, - тврди долгододишниот риболовец Злате,- цела ноќ над Ѕидот надлетуваа летала кои не испуштаа никакви звуци и фрлаа необична сина, но продорна светлина. Цела ноќ, од другата страна на Брегалница од страв завиваа волци и кучиња. Утрото додјоа некои непознати луѓе о Штип, најдоа некој необичен метал, го зедоа и си заминаа без збор. Тоа особено често било во летните месеци, особено Август, најчесто ноќе, иако ги имало и дење. За ваквите необични и чести појави во 2000 година неколку пати се пишуваше и зборуваше и во повеќе медиуми во Македонија и странство Опасност Кај трагачите на злато постои приказна според која ова е ѕид од римскиот период, односно дека тој крие еден тунел со неверојатно големо богатство. Тој тунел е вцртан и на одредени топографски карти што на наивните трагачи по богатство им ги продаваат вешти измамници од околните земји. Тој тунел, според нив, е главната причина што последните години диви копачи на богатство сî повеќе го посетуваат овој ѕид и го оштетуваат. Последниве две години предмет на вакво опсервирање и активности Ѕидот бил и на одредени НАТО војници кои со хелихоптери често се спуштале крај самиот Ѕид. Во август минатата година медиумтие пишуваа дека еден ваков НАТО- хеликоптер кренал огромна плоча од подножјето на Ѕидот и наводно очевидци тврделе дека при тоа е однесено големо богатвство. Исто така, на повеќе пати се забележани и диви копачи од соседните земји, така што тие стануваат најголемата опасност за состојбата на овој редок феономен. - Ако не се спречат дивите копачи кои скоро секоја ноќ “вршлаат” околу Ѕидот барајќи измислено злато, наскоро, сосема наскоро тој ќе се сруши од теме,- предупредуваат група вљубеници во овој феномен што го краси дивиот простор зад Богословец.- Во тој контекст Ѕидот треба да биде ставен под заштита како национално богатство, да биде наша гордост. И, за сето тоа време Ѕидот спокојно им одолева на забот на времето, на опасностите што му ги носи човекот и зрачи со сета своја велелепна убавина, грандиозност и мистериозност што го одземаат здивот и предизвикуваат вистинска стравопочит. | |
|
| |
-:-:Gold Lady:-:- VIP Корисник
Број на мислења : 72 Age : 33 Registration date : 2007-10-11
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Сре Јан 09 2008, 00:20 | |
| Добра информација! Ипак фала незнаев дека во Македонија има такви "чуда" Жими се го читав овој натпис на страната на здружението на жени во СВ.Николе дека постои вакво Чудо! И дека летале некакви си летала (во статијата се кажани како " ароплани" ), наречени НЛО! НЛО???!!!! А бе дај не зезај баш во МАкедонија ќе ти дојдат НЛО. шу да не набљудувале згодни женски (не дека сеа ги фалам Македонките ама тоа е ) . Ипак треба малку да се чукнат по тоа "ЦРПКАТА" шо лаги зборовуваат! Чоече на интернет го објавуваат тоа и шу е најжално Македонче како Македонче се ке поверува Али да ги оставам сите "филозофии", битно е шо Ѕидот како шо го гледав на слики е стварно феномен за Македонија. Мал е ама доста значаен. Мислам дека вреди да се појде до кај СВ.Николе и да се види тој ѕид. Па шу викате???На распуст сме деее П.С. Еве еден мој коментар за темата: мнооогуу ми се свиѓа, зш дознав за работи кои не ги знаев за МАкедонија а живеам во неа! Бравос.... | |
|
| |
Sky Admin
Број на мислења : 313 Age : 34 Location : SuOtO MaALo Registration date : 2007-10-08
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Сре Јан 09 2008, 02:34 | |
| | |
|
| |
-:-:Gold Lady:-:- VIP Корисник
Број на мислења : 72 Age : 33 Registration date : 2007-10-11
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Чет Јан 10 2008, 04:18 | |
| Sky
Овака што се однесува до НЛО леталата многу многу не веруваме но ипак факт е дека не сме сами во универзумот, дека НЛО летала нема шанси да летале над нашава Македонија многу многу не треба да се лажеме што е Македонија толку посебна од останатите земји за да не не надлетувале НЛО летала,многу работи во врска со НЛО леталата се прекриватаат од НАСА и други такви организации како НАСА кои ја истржуваат вселената,имам читано дека најновиот борбен авион на американците кои овој авион ја има можноста да се направи невидлив токму планот за изработка на овој авион е направен врз основа на НЛО летало кое било забележано над америка кое во одредени случаеви преминувало во невидливо. Инаку што се однесува за Св.Николе можам да ви кажам дека многу малку сум запознаен со тој феномен
Фала за информацијата Sky. Ипак јас мислам дека такви работи неможе да има постојано над Св. Николе и точно само над тоа место. А информацијава ти е добра и дури и самиот кажуваш дека вакви работи се случуваат во Америка, што уште еднаш ја потврдува мојата теорија. И уште еднаш ќе нагласам дека не е потребно изјавување дека воопшто постојат вакви летала, туку доколку се изјавува нешто вакво потребно е да се води истражување со колку што е потребно време за да имаат валиден докази, а под докази мислам на слики или некаков доказ којшто ќе биде доволно убедлив за јавноста. Доколку тоа се случи ќе можат во целост тоа да го објават на јавноста, инаку би било како зборување на празно! | |
|
| |
Sky Admin
Број на мислења : 313 Age : 34 Location : SuOtO MaALo Registration date : 2007-10-08
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Чет Јан 10 2008, 11:18 | |
| | |
|
| |
ThE-UnNaMeD Модератор
Број на мислења : 57 Age : 29 Location : Local Disc (C:) Registration date : 2007-10-11
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Чет Јан 10 2008, 15:45 | |
| Ајде сеа да најдеме некој и да ми докаже дека овоа не е направено у Photoshop, и дека оваа кукла не е од восок.. | |
|
| |
-:-:Gold Lady:-:- VIP Корисник
Број на мислења : 72 Age : 33 Registration date : 2007-10-11
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Чет Јан 10 2008, 17:31 | |
| да Sky, за вакви слики ти зборувам, доста убедливи се, но ние нели зборуваме за Македонија за местото Ѓаволски ѕид? А овие слики да не се сликани во Америка? Е, кога вакви слики би се сликале над ова место, тогаш луѓето ќе потврдат во целост дека над тоа место навистина летаат вакви летала. Што беше и мојата поента! | |
|
| |
NikolaNik Admin
Број на мислења : 335 Age : 35 Location : Кај Маршалот Тито Registration date : 2007-10-07
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Чет Јан 10 2008, 19:07 | |
| Полека го убивте човекот. Пошто немаме никаков доказ, сето ова останува сами да си го протолкувате и да извлечете нешто. Али и не се замарајте многу, од многу и глава боли.хехе | |
|
| |
-:-:Gold Lady:-:- VIP Корисник
Број на мислења : 72 Age : 33 Registration date : 2007-10-11
| |
| |
Sky Admin
Број на мислења : 313 Age : 34 Location : SuOtO MaALo Registration date : 2007-10-08
| |
| |
-:-:Gold Lady:-:- VIP Корисник
Број на мислења : 72 Age : 33 Registration date : 2007-10-11
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Саб Јан 12 2008, 04:23 | |
| А зошто? | |
|
| |
NikolaNik Admin
Број на мислења : 335 Age : 35 Location : Кај Маршалот Тито Registration date : 2007-10-07
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Саб Јан 12 2008, 14:11 | |
| Е "затоа што". Ова е одговорот на еден професор. Мислам дека знаеш. | |
|
| |
Sky Admin
Број на мислења : 313 Age : 34 Location : SuOtO MaALo Registration date : 2007-10-08
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Саб Јан 12 2008, 14:17 | |
| - -:-:Gold Lady:-:- напиша:
- А зошто?
Затоа што имало НЛО летала што биле забележани над Македонија Првата посета на вонземјани на Македонија за која објавиле медиумите датира од 22 август 1967. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека хронологијата на НЛО-посетите на Македонија е поинаква. Првпат НЛО над Македонија бил виден во мај 1942, кај селото Добреноец, Кичевско, кога бил виден и вонземјанин. http://kajmakot.softver.org.mk/seshto/Vonzemjanite_ja_sakaat_Makedonija/ значи имало и во Македонија | |
|
| |
-:-:Gold Lady:-:- VIP Корисник
Број на мислења : 72 Age : 33 Registration date : 2007-10-11
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Нед Јан 13 2008, 01:08 | |
| SkyПрвата посета на вонземјани на Македонија за која објавиле медиумите датира од 22 август 1967. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека хронологијата на НЛО-посетите на Македонија е поинаква. Првпат НЛО над Македонија бил виден во мај 1942, кај селото Добреноец, Кичевско, кога бил виден и вонземјанин. А како биле забележани? И зошто не постои слика која ќе не увери дека во 1967 година виделе вонземјанин? Навистина не сум убедена дека постои нешто такво! | |
|
| |
-:-:Gold Lady:-:- VIP Корисник
Број на мислења : 72 Age : 33 Registration date : 2007-10-11
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Нед Јан 13 2008, 01:12 | |
| или што ми гарантира дека овој податок е валиден? | |
|
| |
Sky Admin
Број на мислења : 313 Age : 34 Location : SuOtO MaALo Registration date : 2007-10-08
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Нед Јан 13 2008, 04:07 | |
| - -:-:Gold Lady:-:- напиша:
- или што ми гарантира дека овој податок е валиден?
хаха... мое е да доставам податоци и докази зад она што стојам и говорам,во тоа дали би верувале или не, не е во мој домен,важно имам доставено материјал | |
|
| |
-:-:Gold Lady:-:- VIP Корисник
Број на мислења : 72 Age : 33 Registration date : 2007-10-11
| |
| |
Sky Admin
Број на мислења : 313 Age : 34 Location : SuOtO MaALo Registration date : 2007-10-08
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Пон Јан 14 2008, 14:15 | |
| | |
|
| |
-:-:Gold Lady:-:- VIP Корисник
Број на мислења : 72 Age : 33 Registration date : 2007-10-11
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Вто Јан 15 2008, 01:24 | |
| SkyДодуша јас го барав онај податок кога 1996/97 мислам дека беше кога исто така беше забележано НЛО .Во врска со тоа дали сум сигурен јас сум сигурен дека е валиден податокот. Во мојот претходен пост изгледа не си го разбрала во него наведувам дека ако вие не го сметате за валиден податокот не е моја работа,важно јас верувам во вистинитоста на податокот но дали вие ќе верувате тоа е ваше, со сила убавина не бидува _________________ Јас одлично те разбирам, но сакам да знам уште нешто Како знаеш дека е валиден?? ехехе | |
|
| |
Sky Admin
Број на мислења : 313 Age : 34 Location : SuOtO MaALo Registration date : 2007-10-08
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Вто Јан 15 2008, 01:29 | |
| | |
|
| |
-:-:Gold Lady:-:- VIP Корисник
Број на мислења : 72 Age : 33 Registration date : 2007-10-11
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Вто Јан 15 2008, 01:33 | |
| дај страна кај што има слики да видам инаку на податоци толку лесно не паѓам | |
|
| |
Sky Admin
Број на мислења : 313 Age : 34 Location : SuOtO MaALo Registration date : 2007-10-08
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Вто Јан 15 2008, 01:36 | |
| - -:-:Gold Lady:-:- напиша:
- дај страна кај што има слики да видам инаку на податоци толку лесно не паѓам
хаха... помачи се малку да најдеш,мене ми е доста од докажување | |
|
| |
-:-:Gold Lady:-:- VIP Корисник
Број на мислења : 72 Age : 33 Registration date : 2007-10-11
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Вто Јан 15 2008, 01:40 | |
| | |
|
| |
Sky Admin
Број на мислења : 313 Age : 34 Location : SuOtO MaALo Registration date : 2007-10-08
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Вто Јан 15 2008, 01:46 | |
| | |
|
| |
-:-:Gold Lady:-:- VIP Корисник
Број на мислења : 72 Age : 33 Registration date : 2007-10-11
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" Вто Јан 15 2008, 01:51 | |
| Овде не зборуваме за тоа!Јас незнам како си тооолку сигурен кога и самиот наслов е наречен МИСТЕРИЈА, што значи дека јавноста со сигурно не збори дека се точни тие податоци, затоа што сеуште е мистерија и за нив. | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" | |
| |
|
| |
| Мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид" | |
|