Микрософт го издаде новиот Internet Explorer
Internet Explorer 7 конечно е достапен на милијарди корисници на
интернет. Станува збор за пет годишно чекање за продолжението на
најпознатата алатка за веб сурфање на сите времиња.
Програмот содржи нови и подобрени алатки за олеснето користење и зголемена заштита на полето на он-лајн преварите.
Стручните лица тврдат дека IE7 е одличен прелистувач кој многу го
зголеми квалитетот од неговиот претходник, а може да се симне од
службената страница на Микрософт.
Создавачите на новиот Експлорер се понесоа со многу нови иновативни
опции и зголемување на безбедноста која е многу битна во овој дел.
Негов најголем конкурент е Мозила со бесплатниот софтвер Фајрфокс кој започна да работи од 2004 година.
Поради тоа Микрософт, на задоволство на членовите на Мозила им го потврди својот најнов напредок.
Експлорер содржи дури 86% од светскиот пазар, Фајрфокс 11,5, а Сафари и Опера преостанатите 2,5%.