BMW X3 –не се расипува
Наградата
„Жолт ангел“, кој германското автомобилско здружение ADAC ја доделува
на најдоверливи возила, годинава му припадна на спортското – теренско
возило BMW X3, соопшти ADAC, наведувајќи дека тоа е „автомобил кој
практично никогаш не се расипува“.Германските автомобили годинава си ја вратија репутацијата на најдоверливи, која цела деценија им припаѓаше на „Јапонците“.После BMW X3, на листата се „Audi A2", BMW "Серија 1" и BMW "mini". Сите четири возила се произведуваат го Германија. Пред
неколку дена германската национална комисија за сертификација на возила
Dekra соопшти дека германските возила повторно се најквалитетни, на
чело со BMW "Серија 1" .Дури 97,8 возила од таа серија успешно
ги поминаа сите тестови. Dekra ги спореди резултатите од тестовите на
15 милиони возила кои се наоѓаат на германските улици и направи листа
на најдобрите 21. Дури 14 места им припаѓаат на германските
производители. Само две возила од листата се произведени во Јапонија,
иако до сега на листата секогаш заземале од пет до девет места.
Годинава на листата се најде само “Mazda 3” и тоа на петтото место,
додека “Mitsubishi Space Star” се најде на 10-то место. Црна
година за квалитетот на европските возила беше 2005 година, кога во топ
10, дури девет автомобили беа од јапонско производство.