Форум Моја Забава
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


mojazabava
 
HomePortaleGalleryБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Необично откритие во околината на штип

Go down 
АвторПорака
Nena
VIP Корисник
Nena


Број на мислења : 161
Registration date : 2007-11-07

Необично откритие во околината на штип Empty
ПишувањеПредмет: Необично откритие во околината на штип   Необично откритие во околината на штип EmptyСре Јан 09 2008, 19:51

Черепот е со отвор за само едно око, без ушни шуплини и со три рокчиња на челото


Пронаоѓач кој се занимава со карпеста уметност, во пештера во околината
на Штип, случајно ископал череп со исклучително необична форма.

Засега само еден општ лекар ја анализирал формата и заклучил дека черепот не е од човек. Сензација или квази-научност?

Раководен од сопственото искуство за распознавање на човечки черепи
случајно ископани при обработка на земјата, сопственикот на овој
пронајден череп е убеден дека овие коски не се остатоци од човечко
суштество.
Необично откритие во околината на штип Cerep10


Иако наликува на череп од човек, оваа глава од двете негови страни има остатоци од три пара коскени израстоци во вид на рокчиња.

Случајниот пронаоѓач тврди дека ова може да дешифрира еден сосема
поинаков вид на суштество кое опстојувало или случајно се нашло на ова
тло од пред најмалку 1.000 години, исклучувајќи ја можноста дека се
работи за некој вид на животно кое живее во земјата.

„Одделно беа закопани главата и телото на ова суштество“, вели пронаоѓачот.

Скелетот бил составен од необично долги коски на екстремитетите.
Пронајдениот скелет не се наоѓал во хоризонтална положба, туку во
исправена - блага вертикална положба.
Претпоставките на пронаоѓачот дека не се работи за остатоци од човечко
суштество засега ги потврдил само еден лекар по општа медицина. Черепот
нема два очни отвори, ниту отвори за уши, специфична усна празнина без
заби.

„Ова суштество не е од оваа планета. Тоа е со едно око, со рогови и
предниот лик на главата е многу интересен. Само науката може ова да го
докаже“, тврди пронаоѓачот.

И колку да се расчисти дилемата за да се докаже дали дел од овие
„лаички“ претпоставки се точни, потребна е неопходна антрополошка
анализа.

Така се согласува и сопственикот на черепот кој ќе го отстапи своето
случајно откритие само под еден и единствен услов - да ја добие
соодветната материјална награда пропишана со закон.

Човекот, кој за почеток, не сака неговото име да се експонира во
јавноста, останува на ставот за можни евентуални измени во базичната
еволутивна теорија на Чарлс Дарвин.
Вратете се на почетокот Go down
 
Необично откритие во околината на штип
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Форум Моја Забава :: Општи Муабети :: Мистерии-
Отиди до: