Форум Моја Забава
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


mojazabava
 
HomePortaleGalleryБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Тајната на кристалниот череп

Go down 
2 posters
АвторПорака
Nena
VIP Корисник
Nena


Број на мислења : 161
Registration date : 2007-11-07

Тајната на кристалниот череп Empty
ПишувањеПредмет: Тајната на кристалниот череп   Тајната на кристалниот череп EmptyПет Јан 18 2008, 23:54

За кристалниот череп одамна се зборува. Денешната технологија не може
никако да направи нешто слично, а незамисливо е во дамнешни времиња да
бил направен со промитивните орудија со кои тогаш се служеле луѓето. Се
тврди дека тоа е најтаинствениот предмет на светот. Чудото кое е
направено од кварцен кристал, е избрусено толку совршено што потполно
личи на човечки череп во природна големина. Вредноста на кристалниот
череп е непроценлива. Се поставува прашањето кој го има направено и
зошто? На кого му служел ?
Во светот кружат гласини дека черепот има необична моќ, дека луѓето кои
се нашле во негова близина забележувале чудни промени кај себе. Каква
таинствена сила поседува кристалниот череп? Може ли да исцелува или да
ја контролира човековата психа?
Кристалниот череп е познат како Мичел- Хеџисов (Mičel-Hedžisov) череп
бидејки го пронашла Ана- посвоената ќерка на Ф.А. Мичел-Хедис.
Пронајден е во Лубаантуну ( град на паднатите камења) Во Британски
Хондурас 1924 година при археолошките ископувања што таа ги вршела
таму. Бидејки староста на кварцниот кристал не може да се одреди заради
радиоактивен изотоп на јаглерод, не може да се одреди точната старост
на кристалниот череп. Се претпоставува дека е стар 12000 години, иако
според некои научници тие граници можат да отидат и до неколку милиони
години. Точниот одговор би можел да се добие само со кршење на черепот
со што би се одредила староста на водената содржина во него, но
неговата непроценлива вредност тоа не го дозволува. Сепак и во случај
черепот да биде скршен , би се одредил само геолошкиот период во кој
настанал кристалот но не и времето кога черепот бил изработен. Се
поставува прашањето зошто черепот бил изработен од кварцен кристал,
кога се работи за доста тврд материјал кој е многу тежок за обработка.
Се смета дека би биле потребни 300 години стрплива обработка за да се
направи черепот со денешната технологија. Се смета дека кристалниот
череп има исцелителски својства и дека содржи телепатски информации за
потеклото на човечкиот род. Исто така се претпоставува дека е направен
и користен во митолошката земја Атлантида. Заради својата непроценлива
вредност черепот се чува во сеф на една банка во Калифорнија.
Кристалниот череп бил подведен под многу научни истражувања. Се почнало
кога Ана Мичел Хеџис го однела черепот во Њу Јорк кај брачниот пар
Дорленд. Тие 6 години го пручувале черепот и една вечер, додека Дорленд
седел крај каминот, а покрај него на малечко столче бил черепот , тој
забележал дека очите на черепот рефлектираат оган. Ова исклучително
забележување довело до откритие на таинствен и единствен оптички систем
кој е вграден во черепот. Дорленд под микроскоп открил неверојатно
софистицирана оптика. во горниот дел на усната празнина пронашол широко
провидно тело кое било слично на призма која ја прекршува светлината
под агол од 45 степени. Ваквата призматочна површина ја усмерувала
светлоста под черепот во очните празнини. Избрусена била и една тенка
површина која служела како стакло за увеличување. Низ повеќе од 15 цм
природен кристал се протегал канал без препреки и инклузии. Доколку би
се гледал печатен текст низ него текстот би бил зголемен и доста
читлив.Зад она што делувало како намерно избрусена призма се воочувала
една конкавно-конвексна површина која служела за собирање на сноп
светлина кој потоа се фрла на призмата и оттаму во очните празнини.
Задниот дел од черепот бил мајсторски изработен како сочиво на модерен
фотоапарат кое ја собира светлоста и ја рефлектира низ очните празнини.
На черепот биле назначени и зигоматични лакови кои биле изрезбани во
рељеф покрај јаболчните коски како на вистински човечки череп. Тоа не
може да се види ни на една статуа во светот. Виличната коска била
одвоена и можелада се вади. Таа била совршено вградена во две вдлабнати
лежишта и лесно можела да се движи горе-доле. Во една прилика Френк
Дорленд Забележал ореол околу черепот сличен на прстенот околу
месечината. Прстенот се протегал околу 45 см и исчезнал после 6 минути
откако се појавил............
Во 1970 година Кристалниот череп е однесен во Хјулит Пакардовата
лабораторија во Санта Клара - Калифорија, на детални испитувања. Тоа
била една од водечките лаборатории во светот за ваков вид на
истражувања. После истражувањата еден од научниците изјавил - ,, Нема
начин да се утврди староста на черепот. Со поместување на светлосниот
извор се добија бескрајна низа на слики како резултат на прекршувањето
на светлината. Тоа може да делува многу хипнотички. И во самата
лабораторија , черепот предизвикал мнногу возбудувања и немир. Дури ни
професионалците кои работеле таму и кои ги познавале до најмала ситница
кристалите и нивните својства, биле запрепастени од черепот.На крај
експертите од лабораторијата се сложоле дека ако под претпоставка
добијат парче кристал со иста големина, ни најсовремената технологија
не може да изработат ист таков череп па дури ни сличен на него. Еден од
кристалографичарите од лабораторијата го изјавил следното - ,, ....овој
проклет предмет едноставно не треба да постои!!,,
Кристалите на некој таинствен начин можат да влијаат на човечкиот
организам. Брачниот пар Дорленд кој го испитувал черепот не останал
имун на менталните ефекти од черепот. Сите години додека го испитувале
тие ниту пушеле ниту пиеле алкохол и кафе, а станале и вегетаријанци.
На некој чуден начин кристалниот череп влијаел на нивната свест И
другите луѓе кои дошле во контакт со черепот имале различни реакции-
некои станувале сонливи и заспивале, некои имале проблеми со дишењето
или забрзано чукање на срцето. Кај некои луѓе се стимулирало сетилото
за мирис и се создавал ефект како да емитува арома на мошус, која била
неопислива. Во присуство н черепот некои луѓе слушале хор од гласови
или ѕвонење на ѕвончиња.............
Филис Гелд, коавторка на книгата ,, Пораката на кристалниот череп,,
напишала - ,, Верувам дека Черепот можеда се употреби како духовен
фокус за да се извлече мудрост и знаење од потсвеста. Кристалниот череп
се споредува со кристален компјутер кој знае се` и само чека да му го
откриеме кодот за пристап.,,...


Тајната на кристалниот череп Krista10
Тајната на кристалниот череп Krista11
Вратете се на почетокот Go down
ThE-UnNaMeD
Модератор
Модератор
ThE-UnNaMeD


Број на мислења : 57
Age : 29
Location : Local Disc (C:)
Registration date : 2007-10-11

Тајната на кристалниот череп Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тајната на кристалниот череп   Тајната на кристалниот череп EmptyСаб Јан 19 2008, 23:52

ц ц ц ц..
Вратете се на почетокот Go down
 
Тајната на кристалниот череп
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Форум Моја Забава :: Општи Муабети :: Мистерии-
Отиди до: